Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

На клиника во Дисбург македонски државјанин со коронарна срцева болест опериран со роботски систем од страна на доктор по потекло од Македонија

Македонски државјанин од Скопје, кој во моментот живее и работи во Германија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонски државјанин од Скопје, кој во моментот живее и работи во Германија, е опериран со хируршкиот роботски систем da Vinci на Клиниката за кардиохирургија при Центарот за срце во Дуизбург, Германија. Операцијата ја извел тим предводен од доктор Едис Љаиќ, кардиохирург, специјализиран за минимално инвазивна кардиохирургија и раководител на секторот за роботска кардиохирургија, кој исто така е по потекло од Македонија. 

– Јас и мојот тим од Дисбург ја имавме честа нашиот сограѓанин да го оперираме со хируршкиот роботски систем da Vinci со кој ние рутински ги изведуваме овие интервенции, која е најсовремена, минимално инвазивна метода. Станува збор за 31-годишен пациент, маж, со дијагностицирана коронарна срцева болест, кој беше примен на нашата клиника. Операцијата траеше околу два и пол часа и помина одлично. Пациентот закрепнуваше бргу и без компликации и само пет дена по операцијата на отворено срце, ќе биде отпуштен на домашно лекување, во одлична општа состојба.

Љаиќ појаснува дека пациентот моментно престојува во Германија поради привремена, сезонска работа и е здравствено осигурен преку германскиот работодавач, а не преку македонскиот Фонд за здравствено осигурување.

Реклама

– Тој е првиот македонски пациент што е опериран со оваа високомодерна роботска техника, и тоа од страна на друг македонски граѓанин – вели докторот.

Едис Љаиќ работи како кардиохирург на Клиниката за кардиохирургија при Центарот за срце во Дисбург, Германија. Специјализиран е за минимално инвазивна кардиохирургија и го води секторот за роботска кардиохирургија во оваа здравствена установа.

Како што појаснува, овој тип на кардиохирургија претставува најсовремена техника што во Германија моментно се изведува само во два центра – во Дисбург и во реномираната клиника „Шарите“ во Берлин. На ниво на цела Европа, додава тој, ваков тип на кардиохирургија се спроведува во не повеќе од 15 центри.