Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Прилози

На газдите на хациенди во Ореовец им остана само да ангажираат бајачка или астролог во нивните обиди да го блокираат пристапот до државниот каменолом

На газдите на хациендите во Ореовец им остана само да ангажираат бајачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На газдите на хациендите во Ореовец им остана само да ангажираат бајачка или астролог во нивните обиди да го блокираат пристапот до државниот каменолом. Бидејќи ги искористија сите правни и демократски механизми, а сите анализи и експерти утврдија дека не се во право, сега може да се обидат и со ова. Очигледно играат на секоја карта за да го запрат проектот од државно значење.

Тужба до Основен суд, пријава до инспекциска служба, жалба до локален музеј и што уште не. Дел од сопствениците на куќи, вили и хациенди во прилепски Ореовец ги користат сите знајни и незнајни механизми за да го блокираат пристапот до државниот каменолом. Но, сите пресуди, процеси, надзори, контроли, мерења, анализи и експертски мислења се контра нивните тврдења.

Првин тврдеа дека Прилеп ќе остане без вода. Сепак, изворите се во строго заштитени зони во кои се забранети какви било активности, а каменоломите се надвор од нивните граници. Ова го потврдуваат сите анализи, како и посебниот елаборат кој уште пред повеќе од 10 години е изработен за потребите на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Прилеп.

Реклама

„Тоа подразбира определена површина која што е заштитена и во која што е забранет пристапот и изведба на било какви активности кои што не се дозволени со тој елаборат.“ – вели директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп, Ѓоко Јочкоски.

Потоа тврдеа дека има штети на нивните куќи, но не поднесоа барање за обештетување, само побараа времена судска мерка за запирање на активностите во ископот. Процесот мина низ Основниот суд – Прилеп, Апелацискиот суд – Битола, па повторно Основниот суд – Прилеп. Конечната одлука беше дека не се во право.

„Стратешкиот партнер може да продолжи без никакво ограничување со подготвителните работи, вклучувајќи привремени работи и поставување на локации.“ – се вели во пресудата од Основен суд – Прилеп.

Тврдеа и дека работата во каменоломот предизвикува бучава и загадување над дозволеното. Сепак, сите мерни инструменти го покажуваат спротивното.

Потоа тврдеа дека поради каменоломот ќе исчезне ендемски вид пеперутка, но експертите ги демантираа – таа живее на многу поголема површина и нејзиниот опстанок не е доведен во прашање.

Се обидоа да играат и на картата дека наводно има археолошко наоѓалиште во близина. Археолозите излегоа на терен и утврдија дека нема никакви наоди.

Во меѓувреме, економските последици растат. Проценките се дека блокадите можат да ја чинат државата и до 150 милиони евра.

Додека институциите уверуваат дека проектот е безбеден и законски чист, граѓаните од Пелагонија секојдневно се соочуваат со метеж и небезбеден сообраќај, чекајќи го автопатот кој треба да го скрати патувањето и да ја подобри безбедноста.

Симптоматично, посочуваат надлежните, е што блокадите се однесуваат исклучиво на државниот каменолом, додека приватните кои се наоѓаат во непосредна близина со години функционираат без отпор.

И покрај јасните судски одлуки и институционалните наоди, проектот од јавен интерес останува закочен – меѓу правото и самоволието, со цена што на крајот ја плаќаат сите граѓани.