Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

На Богородица и Меѓународен аеродром Скопје спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над пет илјади алатки за тетовирање

Царински службеници во Царинската испостава Струмица запленија моторцикл Априлиа откако по поднесената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царински службеници во Царинската испостава Струмица запленија моторцикл Априлиа откако по поднесената увозна декларација со сите пропратни документи било увидено дека се работи за друг моторцикл за кој увозникот не поседувал никаков документ. Против сторителот е покрената прекршочна постапка, се наведува во соопштението.

•Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило управувано од македонски државјанин заплени 5.476 парчиња игли, мастила, и други алатки за тетовирање за коишто возачот не поседувал никаква документација. Стоката е откриена во четири пакети кои се наоѓале во кабината на возилото на горниот кревет за кои возачот изјавил дека не поседува увозна документација.

•18 штеки цигари без акцизни маркички и 20 кутии тутун од по 30г и 50г, се откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при рентген контрола на чекиран багаж на патник кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. Непријавените кутии цигари се пронајдени кај македонски државјанин кој со себе носел само бугарски пасош. Непријавените цигари се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Реклама

•Царински службеници во два случаи запленија 56 штеки и дополнително уште 9 кутии цигари.

Еден од случаите е откриен во соработка со МВР, при што запленети се 44 штеки цигари и 9 кутии цигари без акцизни маркички, пронајдени во близина на граничната линија сокриени во грмушки, потенцираат во соопштението.

Во вториот случај, запленети се 12 штеки цигари откриени во товарно моторно возило товарено со стока пријавена за увозно царинење.

• Мобилни царински тимови на влез во државава на граничниот премин Богородица, во багажникот на автомобил открија 238 разни производи (штитници за колена, делови за автомобили, депилатори, играчки, организери за шминки, пили со ланец, соларни рефлектори, алат и друго).

• 5.000 пластични делови за прозорци се пронајдени во две картонски кутии сместени на горниот кревет во кабината на камион со албански регистарски таблички, управуван од албански државјанин кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.

• 3.755 пара детски сандали, 64 колички и 24 детски велосипеди, со ознаки на заштитени трговски марки се откриени од страна на мобилните царински тимови на излез од државата на граничниот премин Блаце. Стоката е пронајдена при контрола на контејнер натоварен на камион со косовски регистарски таблички. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и поведена е постапка за утврдување на нивната оригиналност.

•На граничниот премин Богородица откриен е обид за користење на фалсификувана лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Имено, македонски државјанин како возач на камион со македонски регистарски таблички, при влез во државата приложил Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, издаден на неважечки образец. Покрај тоа возачот не поседувал сертификат за професионална компетентност за учество во меѓународен превоз на патници и стоки.

Случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги за понатамошна постапка, додаваат од Царинска Управа.