Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

На адреса на физички лица, во комплекс згради во изградба: кои се и каде се петте струмички фирми што добиле повраток на ДДВ во време на пандемија и криза?

Џокс Премиум, Нетком Плус, Сакаов Транс, Арена Метал и Винас Текстил, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Џокс Премиум, Нетком Плус, Сакаов Транс, Арена Метал и Винас Текстил, се петте струмички фирми за кои во јавноста излегоа информации дека имаат вкупен поврат на ДДВ од 5,2 милиони евра, за само 4 месеци во 2020-та година, во време на пандемија и намалени работни активности. Дали фирмите се сопственички поврзани и имаат ли врска со семејството Заеви? И дали УЈП врши веродостојни контроли?

На пријавената адреса во УЈП единствено ја најдовме Џокс Премиум чиј сопственик беше единствениот кој не’ прими. Официјално ќе зборува од понеделник кога сака заедно со адвокатите да ги презентира сите официјални бројки, а истакна и дека ќе ги повика и сопствениците на останатите фирми, да го искажат својот став.
Нетком Плус и Сакаов Транс се водат на иста адреса, но преместени се во новиот станбен комплекс „Крмзов-М“ кој се’ уште е во изградба.

Граѓаните на Струмица бараат од надлежните да го испитаат случајот до крај, бидејќи како што велат, во струмичко ваквите скандали се секојдневие.

Реклама

Адресата на Арена Метал не однесе во станбена зграда во центарот на градот. Ама во стан на физичко лице со иницијали Б.М. Таму никој не ни отвори. (атмосфера) Нашата следна адреса е последната од петте струмички фирми што добила повраток на ДДВ- се вика Винас Текстил. Но и таму наидовме на станар кој веќе 40 години живее тука и се чуди како е можно фирма да е пријавена на неговата адреса.

(Стенд ап) Стан бр.18 влез 3 на улица Цанка Павлова во Струмица. Оваа е адресата на која треба да се наоѓа фирмата Винас Текстил, но овде веќе 40 години живее една иста личност, сега пензионер, кој не сакаше да зборува јавно пред нашата камера, но не информираше дека ниту слушнал, ниту знае дека на оваа адреса постои фирма со такво име, ниту пак знае дека неговата адреса е искористена како адреса на фирмата.

Според информациите од УЈП Џокс Премиум е регистрирана во 2018-та, Арена Метал и Винас Текстил во 2014-та, а Нетком Плус и Сакаов Транс во 2013-та година. Заедничко за четири од наведените фирми е што се регистрирани со дејност трговија на големо со текстил, додека Сакаов Транс со дејност товарен патен транспорт.

Откако опозициската ВМРО ДПМНЕ алармираше за повратокот на ДДВ на струмичките компании, УЈП реагираше дека парите не се уште не биле легнати на нивните сметки.

Дијана Тасева