Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

На 8-ми октомври ќе биде потпишан договорот за кредитот кој Македонија ќе го земе од Унгарија

Следниот вторник во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Следниот вторник во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит во висина од 500 милиони евра. Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска денеска изјави дека на 8 октомври патува за Будимпешта.

– На 8 октомври заминувам и тој ден ќе се потпишува кредитот во Будимпешта, Очекувам до крајот на следната недела парите да легнат на буџетските сметки, изјави Димитриевска-Кочовска во изјава за медиумите во Штип.

Заемот од Унгарија, Мицкоски го договори со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на учеството на Самитот на НАТО во Вашингтон. Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни – 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата.

Реклама

Законот за унгарскиот кредит на 17 септември беше донесен во Собранието.

Половина од парите од кредитот ќе одат за бизнис секторот, а половина за проектите за општините.

На јавниот повик  што го распиша Министерството за локална самоуправа пристигнати се 357 апликации од 80 општини.

– Нашите очекувања во целост се исполнија. Во оваа прва фаза општините ќе ги подржиме со близу 100 милиони евра, а веќе од следната година ќе бидат достапни нови 250 милиони евра за кога е планиран и нов повик. Сега се на ред ресорните министерства. Во рок од 10 дена целосната проектна документација од страна на општината треба да се достави до ресорното министерство од областа на проектот, кое ќе врши евалуација на проектот. Се очекува евалуацијата да заврши во рок не подолг од 10 дена по што ресорните министерства треба да изготват предлог-одлука кои проекти ќе се финансираат од нивната област и да ја достават на усвојување на владина седница, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински на прес-конференција во Владата.