Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Најголем дел од настраданите во Пулс, се задушиле од јаглерод моноксид

Пеколна смрт, но не директно поради пламените јазици. Кобно за жртвите било…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пеколна смрт, но не директно поради пламените јазици. Кобно за жртвите било тоа што не успеале навреме да излезат од опожарениот простор. Токму тоа им пресудило на најголем број од починатите. Ова го покажаа наодите од обдукцијата на 59 починати кои денеска беа прикажани на судењето за дискотеката Пулс. Обдукцијата покажа дека најголем дел од жртвите починале од насилна смрт со труење со јаглерод моноксид. Неколкумина  се задушиле поради притисок врз градниот кош, тројца од починатите кои подоцна биле хоспитализирани, починале од акутна белодробна слабост како резултат на интоксикација со јаглероден моноксид, додека кај едно лице смртта настапила од тешки изгореници од трет степен на главата и телото.

Дополнително, обвинителството презентираше и одговор од Институтот за судска медицина, во кој се објаснуваат детали за смртоносните концентрации на јаглероден моноксид во крвта, брзината на настапување на смртта, разликата меѓу задушување и труење, како и можноста за преживување со навремена кислородна терапија на лице место или во болнички услови. Обвинителството предложи и да се сослуша вештак за обдукцискиот наод.

Обдукциските резултати беа само уште една причина за тензијата да се зголеми, откако претходно гнев и револт кај родителите на загинатите предизвика барањето за куќен притвор на првообвинетиот Дејан Јованов Деко. Одбраната реагираше до судот зошто сè уште нема одлука, иако барањето било поднесено на 20-ти април.

Реклама

„Барам судот да покаже малку човечност и хуманост. Кој било друг човек да беше обвинет во ваква здравствена состојба немаше да продолжи во притворски услови и молам одлуката да биде донесена без пристрасност и влијание од јавноста“ – побара адвокатката на Дејан Јованов, Ивана Коцевска.

Ова барање очекувано наиде на бурна реакција од родителите на загинатите кои го следат рочиштето.

„Срамота. Пуштете го, ние ќе му пресудиме“ – родители на жртви.

Одбраната на првообвинетиот побара ваквите изјави на родителите да бидат внесени во записник, додека судијката рече дека засега само ќе даде предупредување. Обвинителството, писмено ќе се произнесе, но усно посочи дека дава негативно мислење,бидејќи смета дека според затворскиот лекар на обвинетиот може да му се пружи соодветна терапија во услови на притвор.

Укинување на мерката притвор беше побарана и за Беким Хаџиу и Тодор Јованов, додека укинување на една од петте мерки за претпазливост се бара и за Шабан Салиу.