Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

МЖСПП: Новиот закон за природа објавен на ЕНЕР, во најава интервентни тимови за диви животни и прифатилиште

Новиот закон за природа е веќе објавен на единствениот национален електронски регистар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот закон за природа е веќе објавен на единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР) и е отворен за јавни коментари – соопшти денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамет Хоџа. На брифингот со новинарите тој информира дека законот предвидува воведување интервентни тимови за диви животни и формирање прифатилиште како дел од пошироките мерки за унапредување на заштитата на природата.

Министерот Хоџа истакна дека ова законско решение има цел системски пристап кон заштитата на природните ресурси.

– Донесувањето на овој закон има цел зајакнување на системот за заштита на природата, подобрување на управувањето со природните ресурси, усогласување со европските директиви и исполнување на меѓународните обврски на државата во областа на животната средина и природното наследство – изјави Хоџа.

Реклама

Тој нагласи дека законот останува отворен за јавноста, а во следниот период ќе се одржат најмалку две јавни расправи.

Клучна новина во законското решение е воведувањето интервентни тимови за диви животни, кои ќе постапуваат во ситуации кога животни се појавуваат во населени места или во услови на зголемен ризик. Раководителот на секторот за природа Влатко Трпевски објасни дека станува збор за мултидисциплинарни тимови, чија основна цел е навремена реакција и решавање на проблемите на терен.

– Основна цел на овие интервентни тимови е справување со ситуации на појава на диви животни во населени места, односно во зони на зголемен контакт со луѓето, при што е потребна брза реакција од страна на интервентните тимови и ефикасно решавање на настанатите проблеми на терен – рече тој.

Според него, постапувањето ќе се врши во согласност со утврдени протоколи, кои ќе обезбедат хуман третман на животните.

– Протоколите за овие интервентни тимови ќе предвидуваат хуман третман на животните. Пред сè, во согласност со процените на експертите, кои ќе бидат дел од овие интервентни тимови, ќе се донесуваат одлуки на самото место за тоа како да се постапи со повреденото животно што ќе биде пронајдено – изјави Трпевски.

Како дел од системот, предвидено е и формирање прифатилиште, за кое, според него, веќе се разгледуваат конкретни чекори.

– За прифатилиштето ќе биде изнајдена локација во соработка со ветеринарниот факултет и ќе бидат потребни речиси 300 илјади евра за основните активности – додаде Трпевски.

Законот опфаќа и низа други механизми, меѓу кои воведување акциски планови за живеалишта, усогласување со европските директиви за живеалишта и на птици, нова категорија геопарк, засилен ренџерски надзор и дигитализација на дозволите.

На брифингот беа отворени и други актуелни теми од ресорот. Беше информирано дека законот за Белчишкото Блато веќе ја поминал фазата на јавна расправа и е во владина процедура, каде што бсе чекаат мислења од надлежните институции пред да биде доставен до Собранието. Најавено е дека и законот за планинарски патеки набргу ќе влезе во владина процедура, со што МЖСПП ќе ги преземе надлежностите за овој закон што досега ги имаше Агенцијата за промоција и поддршка на туризамот во Македонија. 

Од Министерството најавија дека се очекува набргу да биде ставен во функција регистарот на загадувачи, како и дека е интензивиран дијалогот со невладиниот сектор. Воедно, најавена е средба со индустријата, односно со компаниите што поседуваат А-интегрирани дозволи во пресрет на примената на новиот Закон за контрола на емисиите, кој треба да стапи во сила во септември 2027 година.

Во делот на актуелните еколошки проблеми, беше посочено дека меѓу приоритетите е решавањето на проблемот со опасниот отпад во Јегуновце, кој претставува ризик и за водоснабдителниот систем Рашче. Како што соопшти министерот, постапката е почната и се разгледуваат решенија од изработената студија по што ќе се бараат средства за реализација.

Осврнувајќи се на управувањето со отпад, од ресорното министерство информираа дека проектот за регионален центар кај Свети Николе, финансиран со средства од Европската Унија, е во фаза на евалуација на тендерот за која се очекува да заврши во јуни. Потенцираа дека нема ризик од губење на средствата. 

Воедно, беше посочено дека во некои од општините од Североисточниот Регион, како Липково и Арачиново, отпадот се депонира на нестандардни локации, што во моментот е во надлежност на локалните власти, сè до воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад.