Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

МВР со засилени контроли на мотоциклисти, мопеди и е-тротинети во рамки на европската акција на ROADPOL

Министерството за внатрешни работи од денеска до 7 јуни спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон возачи на возила со две тркала – мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, како дел од заедничка акција на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, во која учествуваат 34 европски земји. Како што соопшти МВР, контролите ќе бидат фокусирани на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи од денеска до 7 јуни спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон возачи на возила со две тркала – мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, како дел од заедничка акција на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, во која учествуваат 34 европски земји.

Како што соопшти МВР, контролите ќе бидат фокусирани на користење соодветна заштитна опрема, техничката исправност на возилата, правото на управување, како и почитување на сообраќајните правила и прописи.

– Имајќи предвид дека се наоѓаме во период кога поради топлите денови овие возила интензивно учествуваат во сообраќајот, сообраќајната полиција ќе презема засилени контроли со превентивно-репресивни мерки на патиштата низ целата држава – велат оттаму.

Реклама

Целта на акцијата е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да придонесат за зачувување на сопствената и безбедноста на останатите.