Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

МВР сè уште не знае кој е инспекторот кој одвраќал жртва на семејно насилство да го пријави истото

МВР сè уште не знае кој е инспекторот кој одвраќал жртва на семејно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР сè уште не знае кој е инспекторот кој одвраќал жртва на семејно насилство да го пријави истото

-Јас се вратив во полиција и со повреда на глава инспекторот ме одвраќаше од тоа да одам до крај со пријавувањето, сведочеше Ирена Димоска пред камерата на Тв Алфа, зборувајќи за голготата низ која поминала додека преживувала семејно насилство од својот поранешен сопруг.

Kој е инспекорот кој одвраќал жртва на семејно насилство да го пријави истото и покрај тоа што жртвата имала видлива повреда на главата? Кој е инспекторот кој прикрил случај на семејно насилство? Дали е само ова насилство кое спречил да се пријави или има и други? Дали против него се превземени санкции? МВР не одговара на овие прашња кои им ги поставивме.

Реклама

Иницијатива за да се дознае можеби имало, затоа што кратко откако Телевзиија Алфа ја објави нејзината животната приказна, Ирена добила повик од СВР Битола. Таа инсистирала да добие писема покана со образложение зошто ја повикуваат на разговор.

-Јас и реков на госпоѓата што ми се јави ќе ве молам испратете ми писмено барање бидејќи сакам да повикам адвокат, сакам да присуствува на средбата. „Па зошто да доаѓа адвокат, не те викаме за нешто страшно, ние само ќе си разговараме да ми го опишеш инспекторот.“ Јас инситирав дека сакам адвокат да присуствува, ама писмено барање потоа не добив. Таа ми рече дека ќе испрати ама се уште немам добиено, објаснува Ирена Димоска.

Една од причините зошто жртвите на семејно насилство не се осмелуваат да го пријават истото е токму недовербата во институциите.

Првично рекацијата дека ти се јавуваат од полиција е страв. Сега што сакаат? Не очекуваш дека тие ќе го бараат инспекторот, туку очекуваш дека е напад за тебе. Кога одиме по инситуции такво ни е искуството, дека ќе треба нешто да потпишуваме и дека ќе се испреврти приказната за нешто друго, вели таа.

Најновите статистиките на ООН покажуваат дека секоја трета жена барем еднаш во својот живот доживеала или ќе доживее некоја форма на семејно родовобазирано насилство.

Во периодот од 2017 до 2020 година во Македонија 22 жени биле убиени од страна на своите насилни партнери. А македонската јавност остана во шок кога за само еден месец во 2023 година, дури три жени беа убиени, токму како резултат на ненавременото и непрофесионално работење на институциите.

Последниот случај во Кичево, кога татко си ја претепа 2-годишната ќерка, покажува дека насилниците немаат милост ни кон најмилото.