Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

МВР: Осум од вкупно 11 лишени од слобода возачи за безобѕирно управување возило, управувале возило без возачка дозвола

На територија на државата, полициските службеници вчера лишиле од слобода 11 возачи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На територија на државата, полициските службеници вчера лишиле од слобода 11 возачи, од кои осум за управување возило без возачка дозвола, двајца за управување на возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Најмногу возачи се лишени на подрачјето на СВР Охрид – пет, додека на подрачјата на СВР Скопје, СВР Тетово и СВР Битола се лишени по двајца возачи. Од лишените на подрачјето на СВР Охрид, тројца во Кичево биле без возачка дозвола, а еден во Кичево со активна забрана. Лишениот возач во Струга управувал возило под дејство на алкохол и со неговото возило „фолксваген голф“ предизвикал сообраќајна незгода со возило „фиат“. Двајцата лишени во Скопје и двајцата на подрачје на СВР Тетово управувале возило без возачка дозвола, како и еден од лишените возачи на подрачје на СВР Битола. Додека, вториот лишен на ова подрачје управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, посочуваат од Министерството.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Реклама

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.