Реклама

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Македонија

МВР: Одрон на автопатот Скопје – Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска повеќе настани предизвикале прекини и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска повеќе настани предизвикале прекини и ограничувања на сообраќајот на патните правци во земјата.

– Во 17.35 часот е пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, по тунелот „Бадар“, има одрон од карпа, кој ги зафатил двете ленти. Сообраќајот засега не е во застој, а на самото место се полициски службеници и екипа од „Македонијапат“, информира МВР.

Од 18.05 часот, поради излевање на Црна река кај селото Бучин во Крушевско, е прекинат сообраќајот на локалните патни правци село Бучин – Демир Хисар, село Бучин – село Обршани и село Бучин – село Трноци.

Реклама

Исто така, од 18.15 часот е воведена забрана за движење товарни возила на патниот правец Струга – Ќафасан.

Од 18.30 часот патниот правец Пробиштип – Леговец е затворен за сообраќај во двата правци поради сообраќајна незгода и вршење увид.

Министерството за внатрешни работи презеде соодветни активности за отстранување на сите пречки за воспоставување и нормализирање на сообраќајот и апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително поседување на пропишаната зимска опрема и почитување за поставената сигнализација.