Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

МВР: Лишен од слобода полициски службеник, поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување”

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Е.Е. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Како што се посочува во соопштението, пријавениот Е.Е., на работно место „помлад полицаец“ во Одделение за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, во временскиот период од месец април до јули 2026 година, додека извршувал службена должност во депо служба на „пајак“ во Јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје и бил должен да применува полициски овластувања за издавање на записници за констатиран прекршок и прекршочни платни налози со глоби, како и да врши електронска наплата на прекршочни платни налози за сторен сообраќаен прекршок на возачи или сопственици на моторни возила кои сториле сообраќаен прекршок, во повеќе наврати вршел противправни дејствија.

Пријавениот Е.Е. преку искористување на својата службена положба и овластување, како и неизвршување на својата службена должност како полициски службеник, противправно присвоил за себе околу 12.700 денари, а исто така причинил штета на Буџетот од околу 85.500 денари.

Реклама

Од страна на инспектори во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди пријавениот е лишен од слобода, задржан во полициска станица.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Е.Е. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Претходно, денеска ЈОРСМ соопшти дека Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Судија на претходна постапка му одредил осумдневен притвор на полицаецот, поради опасност од бегство.