Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

МВР го расветли подметнувањето пожар во Синагогата во Скопје

Полицијата го расветли случајот со инцидентот со синагогата во Скопје. Уапсени се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата го расветли случајот со инцидентот со синагогата во Скопје. Уапсени се седуммина за палањето на еврејскиот објект. Двајца ќе се гонат за тероризам, и тие веќе се во притвор. Преземени биле повеќе оперативно –тактички мерки од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам и Агенцијата за национална безбедност, а претреси имало на 13 локации во Скопје, а биле одземени мобилни телефони за вештачење.

  • Поднесена кривична пријава против А.Љ (21) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б и А.Р. (38) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од КЗ во врска со член 24 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор“ изјави Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

По инцидентот на 12 април во раните утрински часови осуди и барање за брзо расветлување на случајот пристигнаа од сите страни. Тоа го побара и израелската амбасадорка во Скопје, Вивиен Аисен.

Верските лидери во Македонија оддржаа и заедничка прес-конференција и го оценија настанот како директен удар врз мирот, стабилноста и соживотот кои со векови се негуваат на македонска почва.