Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“ во Охрид во рамки на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија

– Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. 

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении. 

На 11 август спектаклот ќе биде изведен во Битола пред платото на Офицерскиот дом, а на 12 август во паркот пред Општина Велес.

Реклама

Во пресрет на 8 септември, во наредниот период караванот ќе посети 11 градови низ државата, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.

На 15 август во Градскиот парк во Струмица со почеток во 20:00 часот концерт ќе одржат трите легендарни македонски бендови Меморија, Мизар и Синтезис. 

Легендите на електронската музика Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд ќе настапат заедно на 16 август исто така во Градскиот парк во Струмица, во рамки на одбележувањето 35 години независност на Македонија. 

За 1 септември е најавен настапот на славниот шпански тенор Хосе Карерас на Плоштадот Македонија заедно со македонски ѕвезди меѓу кои ќе настапат Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Игор Дурловски и Ана Дурловски. Целиот концерт ќе го придружуван од Оркестарот на Филхармонијата.

Кулминација ќе биде последниот перформанс на 4 септември на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, на кој ќе настапат повеќе од 120 уметници.  Музичкиот дел од одбележувањето завршува на 8 септември со настапот на Дејвид Гета на скопскиот стадион „Тоше Проески“.

Манифестацијата „35 години независност на Македонија“ започна на 2 Август – Илинден во Битола.