Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Муртезани: Техничката и експертската соработка е предуслов за успешно европско пристапување

Во рамки на работната посета на Париз, министерот за европски прашања на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на работната посета на Париз, министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, оствари средба и со Емануел Пуизе-Жовен, генералниот секретар на Секретаријатот за европски работи (SGAE) – меѓуресорска служба под директна надлежност на премиерот на Франција, задолжена за координација и унапредување на единствената национална позиција на Франција во однос на Европската Унија, како и за мониторинг на транспозицијата на европското право во националното законодавство и синхронизација на политиките меѓу министерствата и европските институции.

На средбата меѓу Муртезани и Жовен се разговараше за модалитетите за зајакнување на соработката меѓу МЕП и SGAE, преку изнаоѓање нови механизми и инструменти за поддршка на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, како и за примената на најдобрите европски административни практики и искуства стекнати во рамки на францускиот модел на меѓуресорска координација, како своевиден пандан на координативната улога што Министерството за европски прашања ја има во земјата, во контекст на евроинтеграциите. Муртезани и Жовен констатираа дека експертизата и методологијата што SGAE ја применува во доменот на усогласување и подготовка на национални позиции, може да претставува корисна референтна точка за македонските институции во периодот на скрининг и преговарање, особено во поглед на управувањето со сложени реформи и обезбедувањето на стабилност и конзистентност во националната политика кон Европската Унија.
Жовен ја презентираше улогата на Секретаријатот во процесот на формулирање и одбрана на француските интереси во рамките на Советот на Европската Унија, како и значењето на експертиза од линиските министерства за ефикасна имплементација на европските директиви. Муртезани истакна дека Македонија веќе има воспоставено механизми за стратешка координација на европските прашања, но во наредната фаза од пристапните преговори ќе биде од исклучително значење да се обезбеди понатамошен трансфер на знаење, пристап до добри практики и техничка поддршка од партнерите како што е Франција.

Се разговараше и за досегашното искуство со програмата „Expertise France“ и долгогодишната поддршка во изградбата на институционални капацитети, како и улогата на обуките преку програмата „Formacion Administrative Superior“ (FASP) во развојот на човечки ресурси подготвени да одговорат на барањата на европското законодавство. Воедно, Муртезани и Жовен разменија мислења за потребата од унапредување на развојната соработка, особено преку мобилизирање на финансиски инструменти и грантови достапни преку Француската агенција за развој (AFD), PROPARKO и Expertise France, како и во согласност со билатералниот договор склучен меѓу двете влади во 2021 година.

Реклама

Министерот Муртезани го поздрави фактот што Македонија останува стратешки партнер и во новата долгорочна Стратегија за развојна соработка на Франција за периодот 2025-2030, со која се продолжуваат и надградуваат активностите започнати во рамки на Евроазијската стратегија 2020 – 2024. Овој континуиран ангажман отвора нови перспективи за соработка во области како што се енергетската транзиција, управувањето со јавни ресурси, климатските политики и иновативното управување на локално и регионално ниво. Жовен и Муртезани се согласија дека е неопходно да се продолжи институционалната размена и заедничката работа преку европските инструменти TAIEX и TWINNING, како и преку обуки по француски јазик и специфични проекти за јакнење на административната отпорност.

Муртезани и Жовен констатираа дека продлабочувањето на техничката и административната соработка останува стратешки предуслов за градење стабилна институционална основа и ефикасна подготвеност на Северна Македонија за претстојните европски предизвици. Во рамки на работната посета на Француската Република, МЕП Муртезани ќе има дополнителни разговори со раководствата на Француската агенција за развој и Expertise France, со цел отворање на нови канали за финансиска и експертска поддршка на нашите реформски и евроинтегративни процеси.