Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Муртезани прогнозира тренд на напуштање на „бродот“ на Таравари

„Револтот кај сите поддржувачи, симпатизери, функционери таму е многу голем, така што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Револтот кај сите поддржувачи, симпатизери, функционери таму е многу голем, така што да почекаме во наредните денови, мислам дека така тој тренд ќе продолжи“, рече министерот за европски прашања Орхан Муртезани во врска со незадоволството на структурите на Алијанса на Албанците по одлуката на Таравари да премине во опозиција

Министерот за европски прашања од редовите на коалицијата ВЛЕН, Орхан Муртезани, вели дека според информациите на коалицијата, незадоволството и револтот кај функционерите и поддржувачите на Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари ќе продолжат и понатаму.

Тој ова го кажа откако пратеникот од редовите на Алијанса, Салим Сулејмани, објави дека поднесува оставка од сите партиски и од функцијата пратеник во Собранието, што уследи по напуштањето на власта на Таравари.

Реклама

Прашан дали постојат најави останати пратеници да се приклучат кон ВЛЕН, Муртезани вели:

„Мислам дека сите случувања во Алијанса за Албанците предводена од Таравари се знак дека одлучноста на структурите и подготвеноста да не завршат во прегратките на Али Ахмети се многу поголеми од калкулациите на Таравари. Според наши неофицијални информации, тие ќе продолжат, револтот кај сите поддржувачи, симпатизери, функционери таму е многу голем, така што да почекаме во наредните денови мислам дека така тој тренд ќе продолжи.“

Претходно вчера пратеникот Салим Сулејмани од редовите на Алијанса на Таравари објави дека заминува од партијата и од Собранието. Рече дека се кандидирал за пратеник поради чувството на одговорност и желбата за вистинска промена во животот на граѓаните, но дека зближувањето со ДУИ во пресрет на локалните избори донело сериозно отстапување од принципите на кои Алијанса за Албанците била посветена.