Реклама

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Економија

Муртезани: Продлабочувањето на економската соработка со Турција е од клучно значење

Продлабочувањето на економската соработка со Турција, особено во делот на инвестициите, дигиталната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продлабочувањето на економската соработка со Турција, особено во делот на инвестициите, дигиталната економија, зелените технологии и инфраструктурното поврзување, за Македонија се од клучно значење. Веруваме во принципот на меѓусебна комплементарност, не како реторика, туку како модел за конкретни резултати. Македонија нуди стабилност, пазарна предвидливост и европска перспектива, а Турција носи искуство, капитал и регионална мрежа. Оваа комбинација е наша заедничка шанса и треба да биде искористена рече денеска министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Во обраќањето на 9. Балкански економски самит во Скопје, Муртезани напомена дека односите помеѓу Македонија и Турција се искрени, динамични, стратешки и ориентирани кон иднината.

-Не станува збор само за добри односи, туку за заедничко разбирање на регионалниот контекст, за заемна поддршка во клучни моменти и за координирани чекори во иницијативите од заемен интерес. Нашата билатерална соработка опфаќа широк спектар: од висока политика и одбрана, преку економија и трговија, до образование и културна размена. Турција е еден од најзначајните странски партнери во економскиот развој на нашата земја, но уште поважно, таа е партнер што вложува долгорочен интерес во стабилноста и напредокот на целиот регион, истакна министерот.

Реклама

Според него, овој настан претставува уште една потврда за силните и пријателски врски кои ги поврзуваат Република Македонија и Република Турција.

-Овие односи, кои се длабоко вкоренети во нашата заедничка историја и култура, денес се манифестираат преку интензивна соработка во многу области, вклучувајќи ја и економијата. Денешниот собир под гостопримството на РУМЕЛИСИАД, не е само платформа за економски дискусии, туку е и потврда за динамичната поврзаност на нашиот регион. Лично, како некој кој имал можност да студира во Турција, длабоко ја ценам блискоста и поддршката што нашите две земји меѓусебно си ја даваат, рече Муртезани.

Министерството за европски прашања, дополни, е посветено на креирање поволна бизнис клима и на унапредување на европските стандарди во домашната економија.

-Работиме на подобрување на регулаторната рамка, намалување на бирократијата и обезбедување транспарентност и предвидливост за инвеститорите. Македонија е цврсто на патот кон европската интеграција, а економската соработка и странските инвестиции се клучни за постигнување на оваа стратешка цел, подвлече Муртезани.