Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Муртезани ја прeчека Бјере: Во фокусот проширувањето, Планот за раст и приоритетите на данското претседателство

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска е домаќин на министерката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска е домаќин на министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере, која престојува во работна посета на Македонија. Средбата се одржа во контекст на подготовките за претстојното данско претседателство со Советот на Европската Унија, кое што започнува на 1 јули годинава. Во фокусот на разговорите и на тет-а-тет средбата и на пленарниот состанок на делегациите, беа европската интеграција на Македонија, приоритетите на Владата, билатералните односи и регионалните и геополитичките случувања.

Министерот Муртезани ја истакна важноста на обновената политичка динамика во рамките на ЕУ, поттикната од промената на институционалното раководство и актуелните геополитички околности, како можност за суштинско враќање на политиката на проширување како стратешки приоритет на Унијата. Тој посочи дека Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат, преку доследна имплементација на Реформската агенда во рамки на Планот за раст на ЕУ, како и преку унапредување на владеењето на правото, ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата.

Министерката Бјере ја реафирмираше принципиелната поддршка на Данска за политиката на проширување базирана на заслуги, оценувајќи ги реформските чекори на Македонија како кредибилен сигнал за зрелост и посветеност. Таа го поздрави усвојувањето на Реформската агенда 2024–2027 и изрази подготвеност за зајакнување на билатералната и експертската соработка во насока на унапредување на административните капацитети и транспарентноста на реформскиот процес. Во светло на приоритетите на претстојното данско претседателство со Советот на Европската Унија, беше нагласено дека во услови на комплексна геополитичка реалност, приоритетите на Претседателството – безбедност, конкурентност и одржливост – добиваат особена тежина. Министерот Муртезани ја поздрави посветеноста на Данска кон унапредувањето на политиката на проширување, особено кон земјите од Западен Балкан, како и поддршката за Украина и зачувувањето на европската безбедност. Во таа насока, беше оценето дека зелената транзиција, дигиталната трансформација, енергетската безбедност и иновациите се области од заеднички интерес, каде што земјите-кандидати и државите-членки можат да градат подлабока соработка.

Реклама

Муртезани и Бјере разменија мислења и за одлуката на Европската Унија, Македонија да биде домаќин на Состанокот на лидерите на Западен Балкан, посветен на имплементацијата на Планот за раст, кој наскоро ќе се одржи во Скопје. Соговорниците се согласија дека Самитот, организиран во партнерство со Европската комисија, претставува признание за активната улога на Македонија во процесот на структурирање и реализација на оваа стратешка иницијатива, но и важна можност за размена на искуства и координација на понатамошните чекори кон приближување до единствениот пазар на ЕУ.

Министрите се осврнаа и на неодамнешните посети на високите претставници на Европската Унија и во тој контекст, беше заклучено дека е од клучна важност кредибилитетот на процесот на проширување да се зајакне преку конкретна поддршка, предвидливост и постојан ангажман на институциите и земјите-членки на Унијата, како и активно вклучување на регионот во настани организирани во рамки на Претседателството со Советот на ЕУ.