Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Муртезани и Бирн со заеднички став: Ситуацијата во Газа е алармантна, потребна е итна хуманитарна акција

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изјави дека Македонија, иако мала земја,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изјави дека Македонија, иако мала земја, не може да остане имуна на глобалните трендови за ситуацијата во Газа, особено ако тие прераснат во заедничка безбедносна и надворешна политика на Европската Унија.

– Целиот свет се мобилизира бидејќи ситуацијата во Газа е алармантна. Не можеме како земја, колку и да сме мали, да сме имуни на таквиот тренд, особено ако тоа прерасне во заедничлка безбедносна и надворешна политика на ЕУ, ние, како 100 проценти усогласени на таа политика, ќе мора да го следиме истиот чекор, рече министерот Муртезани, одговарајќи на новинарско прашање по заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања и одбрана на Република Ирска, Томас Бирн.

Брн истакна дека итуацијата во Газа „веќе е неподнослива и бара итна хуманитарна помош“. Тој потсети дека Ирска, заедно со Шпанија и Норвешка ја признаа Палестина и порача дека треба да се искористи предноста на ЕУ да ги убедат останатите земји дека она што се случува таму е толку лошо што е неопходно итно да се дејствува.

Реклама

-Секоја држава треба да си ја донесе својата одлука. Но, морам да кажам дека имаме сериозна загриженост околу она што се случува во Палестина, а ние секогаш сме се заложувале за луѓето од Палестина. Но, она што го заклучивме е дека ни е потребна итна помош и треба да ја искористиме предноста што ја има ЕУ и да ги убедиме останатите земји дека она што се случува таму е тотлку лошо што е неопходно итно да се дејствува, рече тој.

Ситуацијата во Газа во јули 2025 годинa е оценета како хуманитарна катастрофа од невидени размери во која над два милиони луѓе се соочуваат со глад, а Светската здравствена организација предупредува дека „луѓето масовно умираат од неухранетост“.