Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мултидисциплинарен состанок за третман на пациентите со дијабетес тип 2,  хронична бубрежна болест и срцева слабост

– Примената на лекот Керендиа, кој се користи за третман на пациенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Примената на лекот Керендиа, кој се користи за третман на пациенти со дијабетес мелитус тип 2, кои имаат хронична бубрежна болест и срцева слабост била главна тема на мултидисциплинарниот состанок на лекари од специјализираните болници за нефрологија – Струга и за кардиоваскуларни болести – Охрид што се одржа во Струга.

Овој лек, како што информира директорот на Струшка нефрологија, Јетмир Зиба, со средства од Фондот за здравствено осигурување неколку месеци бесплатно се обезбедува за пациентите.

– Лекот Керендиа ја забавува прогресијата на хроничните бубрежни и кардиоваскуларните болест кај пациенти со дијабет 2. Искуството во пракса е позитивно, доведува до намалување на микроалбуминурија, а тоа не дозволува бубрежната болест да проигресира, односно забавува влошување на хроничната бубрежна болест. Аплицирањето на лекот со средства од државниот буџет, претставува значително олеснување за финансиската состојба на пациентите и е голем успех за нашата институција, изјави Зиба.

Реклама

Состанокот на лекарите од двете болници, според него, е одлична можност за размена на искуства, знаења и најдобри практики, со цел преку мултидисциплинарна соработка заеднички да ги препознаат ризиците и придобивките од лекувањето. 

Оваа иницијатива, нагласи Зиба, е првиот чекор во редовни стручни средби, кои имаат за цел постојано унапредување на квалитетот на грижата за пациентите.

– Ќе се залагаме за почести вакви состаноци, со цел мултидисциплинарен пристап во третманот на пациентите, кои заеднички треба да ги следиме, додаде Зиба.