Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

📷 Муцунски: Зајакната економска соработка со Мароко и поддршка за глобални иницијативи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на својот колега, министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, Насер Бурита, кој престојува во официјална посета на нашата држава. Оваа посета претставува потврда за одличните билатерални односи, споделените вредности и заедничката визија за иднината.

Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за интензивирање на политичкиот дијалог и севкупната билатерална соработка. Министрите истакнаа дека денешната посета е почеток на ново поглавје во односите меѓу двете земји, кое ќе продолжи да се развива со заедничка посветеност.

„Разговаравме за унапредување на политичките односи, но и за нови можности за економска и трговска соработка, зајакнување на инвестициите и организирање на првиот заеднички бизнис форум. Стана збор и за можноста за воведување директна авионска линија помеѓу нашите две земји“, изјави министерот Муцунски по средбата.

Реклама

Во насока на понатамошно динамизирање на односите, министрите потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи.

Во рамки на средбата министрите Муцунски и Бурита, потпишаа и Заедничка изјава, со која, меѓу другото, нашата држава ги поздравува сериозните и кредибилни напори на Кралството Мароко за унапредување на процесот под покровителство на Обединетите нации, при што се смета дека Планот за автономија за Западна Сахара, што Мароко го презентираше на Генералниот секретар на Обединетите нации во 2007 година, претставува уникатна основа за решение, што би било договорено во рамките на ООН.

На средбата се разговараше и за соработката во рамките на мултилатералните организации.

Целата објава и фотографии може да ги погледнете на следниот линк: