Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Муцунски за инцидентот пред бугарската амбасада: Се работи за изолиран случај, нашите институции максимално бргу ги преземаат сите потребни дејства

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот во кој од страна на еден сторител е искршена влезната врата на бугарската амбасада во Скопје. Според првичните информации, се работи за изолиран случај во кој е причинета материјална штета во помал обем – вели Муцунски.

– Независно од тоа, максимално го осудуваме инцидентот. МВР дава голем фокус на процесот на истрагата и за подетаљни одговори во врска со истрагата, бидејќи не сакам да ѝ наштетам, би ве упатил да побарате одговор од МВР. Но, она што би сакал да го кажам е дека институционално има брз и ефикасен одговор од наша страна – изјави денеска Муцунски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Муцунски рече дека, за жал, не може да се контролира секој кривично-правен настан што се случува на територијата на државата, но дека најважно е дека веќе тој инцидент е осуден од наша страна и се рабтои на целосно расветлување на случајот. 

Реклама

– Наша одговорност како држава е првин да дадеме објективен одговор, да го осудиме настанот, а потоа и нашите институции максимално бргу да ги преземат сите потребни дејства и мислам дека од наша страна е максимално коректно одговорено до овој момент. Се надевам дека бргу ќе заврши истрагата од страна на МВР – рече Муцунски.

Министерството за внатрешни работи вчера инфомира за случајот посочувајќи дека е скршено стакло на влезната врата на бугарската амбасада.