Реклама

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Македонија

Муцунски за „Евроњуз“: Не сме проевропска држава само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме

Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во процесот на европска интеграција – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „Евроњуз“.

Муцунски нагласи дека државата не ја гради својата проевропска ориентација само преку политичка реторика, туку преку конкретни политики и вредности што се спроведуваат во општеството.

– Ние сме држава што се гордее со својата проевропска ориентација не само во реториката туку и во вредностите што ги спроведуваме во нашето општество – рече шефот на дипломатијата.

Реклама

Осврнувајќи се на актуелните геополитички и безбедносни предизвици, министерот посочи дека регионот се соочува со сериозни хибридни и малигни влијанија нагласувајќи дека ваквите закани се засилуваат онаму каде што расте фрустрацијата и се намалува довербата.

– Иако заканата постои, покажавме не само дека велиме оти сме отпорни, туку и дека навистина сме отпорни во пракса – рече Муцунски.

Воедно, тој ја реафирмира стратешката определба на државата кон членство во Европската Унија потенцирајќи дека европската интеграција останува клучен надворешнополитички приоритет и најдобар механизам за долгорочна стабилност, безбедност и развој на регионот.

На прашањето дали одложувањето на членството во ЕУ може да ја оттурне Македонија кон земји како Русија или Кина, министерот Муцунски истакна дека „хибридните закани напредуваат таму каде што расте фрустрацијата и каде што се губи довербата“.

Во интервјуто тој говореше и за актуелните безбедносни предизвици, улогата на НАТО и значењето на евро-атлантската координација.

– Мојот став е дека, благодарение на претседателот Трамп, државниот секретар Рубио и целокупниот надворешнополитички апарат на Соединетите Американски Држави, НАТО е посилен од кога било досега – изјави Муцунски во интервјуто за емисијата „12 миунути со“ на „Евроњуз“.

Тој додаде дека тоа било неоспорно по минатогодишниот самит во Хаг, каде што членките се обврзаа да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 % од БДП до 2035 година.

– Ова е многу амбициозна агенда, но и многу неопходна, имајќи ги предвид не само заканите од руската агресија врз Украина, која сè уште трае, туку и заканите во Индо-Пацификот и на Блискиот Исток“, рече Муцунски додавајќи дека претседателот Трамп му дал на НАТО „повик за будење“.