Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Муцунски во Хаг: Единството е најсилната алатка за справување со заедничките закани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој како дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Хаг учествува на Самитот на НАТО, синоќа присуствувал на работна вечера со земјите членки на Алијансата во формат Совет НАТО – Украина, на која биле и украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, како и високата претставничка на Европската Унија, Каја Калас.

Муцунски на својот Фејсбук профил објави дека во обраќањето што го имал на работната вечера нагласил дека кохерентноста и единството се најсилната алатка за справување со заедничките закани и предизвици.

– Потенцирав дека потребата да сториме повеќе и да инвестираме повеќе во нашите одбранбени капацитети мора да остане приоритет број еден за сите нас, при што континуираната координација е единствениот начин да постигнеме заеднички успех. Го подвлеков и значењето на постигнување праведно и долгорочно решение за Украина, поздравувајќи ги иницијативите за директни средби меѓу претставниците на Украина и Русија, поддржани од САД и европските сојузници. Изразив и подготвеност за натамошна поддршка од наша страна, согласно со капацитетите и можностите со кои располагаме, наведува во објавата шефот на дипломатијата Тичмо Муцуснки.