Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Македонија

Муцунски: Владата посветено работи на реформите, целта е да бидеме лидери во регионот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување на една од националните телевизии говореше за процесот на интеграција во Европската Унија, билатералната поддршка, Планот за раст и Реформската агенда.

Говорејќи за спроведувањето на реформите, министерот истакна дека нивната реализација не е прашање на субјективна перцепција, туку на мерливи резултати.

-Прашањето дали се спроведуваат реформи не е субјективно гледиште, туку мерлив показател за тоа што го реализира Владата. Најдобар судија е времето, а времето ќе покаже кој ќе биде во право – изјави Муцунски.

Реклама

За оценката на известувачот на Македонија на Европскиот Парламент, Томас Вајц и за тоа дали имал контакт се него шефот на македонската дипломатија рече дека тој има редовна комуникација со голем број европарламентарци и со други високи претставници на Унијата и напомена дека поради локалните избори реформскиот процес привремено бил забавен, но по нивното завршување е евиденто сериозно раздвижување.

-Нашата држава има ригидни правила поврзани со изборните процеси, поради што реформите во одреден период беа ограничени. Но веднаш по завршувањето на изборите има сериозно раздвижување во многу области. Нашата цел е до завршување на овој период, поврзан со Реформската агенда и Планот за раст, да бидеме лидер во регионот – истакна министерот.

Рече дека според негови информации интервјуто на Вајц било снимено пред повеќе од еден месец, а дека дел од изјавата поврзана со реформските приоритети на Владата е извадена од контекст.

-Од извори што ги имам, Вајц дал интервју за Канал 5. Вечерва очекувам да биде емитувано и да видиме кој е неговиот став околу овие прашања и дали бил изваден од контекст, рече Муцунски.

Тој информираше дека Планот за раст на Европската Унија предвидува средствата што нема да ги искористат другите земји да бидат прераспределени кај оние кои успешно ги спроведуваат реформите, што претставува дополнителна мотивација и цел на владата. 

Тој додаде дека реформите обезбедуваат директна поддршка за граѓаните и реализација на конкретни проекти.

-Мотивацијата е и во вредноста на реформите, кои го приближуваат нашиот систем до системот на Европската Унија – додаде Муцунски.

Осврнувајќи се на поширокиот контекст, министерот нагласи дека, покрај реформскиот процес, во услови на геополитичка неизвесност од исклучителна важност е целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.

-Мораме целосно да го промениме вредносниот систем во кој живееме, во насока на европеизација на општеството. Тоа, сепак, зависи и од институционалниот и политичкиот дијалог во државата, за што е потребен напор од сите засегнати страни – опозицијата, деловниот сектор и другите општествени чинители – истакна тој.

Министерот се осврна и на однесувањето на опозицијата по стратешките прашања поврзани со надворешната политика.

-Не може да зборуваат за европеизација оние влади кои не направиле доволно за подобрување на судството и спроведување на реформите клучни за напредок на европскиот пат. Доколку навистина се постигнуваа резултати во тој период, денес веројатно ќе бевме многу поблиску до членството во Европската Унија – заклучи Муцунски.