Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Муцунски: Процесот на привлекување странски инвестиции е тимски, така ги остваруваме резултатите

Процесот на привлекување странски инвестиции го работиме заеднички и координирано како тим…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Процесот на привлекување странски инвестиции го работиме заеднички и координирано како тим со Агенцијата за странски инвестицији, Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Канцеларијата на председателот на Владата и дипломатско конзуларните претставништва, истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој колку инвестиции донел во државата или договорил. Забележа дека одредени пазари со голем потенцијал биле запоставувани, на што ресорното министерство работело на отворање амбасада во Саудиска Арабија и посета на пазарите во Африка и Азија во идниот период заедно со стопанските комори.

– Видовте дека бевме признаени како една од земјите, која во предходната година имаше донесено огромен број странски инвестицији. Сите нови инвеститори кои дошле во последната година, од кои голем дел се презентирани и тука на прес-конференција заедно за председателот на Владата, се работат координирано преку тимот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Агенцијата за странски инвестицији, Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Канцеларијата на Председателот на Владата е секогаш вклучена. Значи, ние работиме координирано како тим, истакна Муцунски во одговр на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Контактот со странските инвеститори и инвеститорите кои што се дојдени во последната година, како и оние што очекуваат да дојдат во следниот период, според него, бил остварен на различен начин.

Реклама

– Имаме одредени ситуации каде што контактот остварен преку дипломатско конзуларно претставништво, имаме ситуации и примери каде што тоа е направено под директен контакт на компанијата која што слушнала за потенцијалните услови. Не би можел да издвојам дека еден или друг начин бил превалентен или бил понагласен. Тоа што би можел да ви кажам дека ние работиме координирано како тим, нашите дипломатски-конзуларни претставништва по добивањето на овие надлежности добиваат многу специфични инструкции со поголема динамика од што добивале предходно по ова прашање. Секогаш кога патувам на билатерални посети надвор од државата, често знам да бидам придружен од дел од економскиот тим на Владата и тука работиме прилично координирано по однос на овие прашања. Така што мислам дека не е коректно да речеме дека инвестицијата и доколку е остварена по пат на комуникација преку дипломатско-конзуларно представништво, не е целосната заслуга само на институцијата која јас ја раководам, подвлече Муцунски.

Во однос на прашањето дали Владата размислува да го засили дипломатското присуство во региони каде што не е застапено, тој посочи дека идната година очекува да биде отворена амбасада во Саудиска Арабија.

– Одреден период биле запоставувани пазари кои што имаат огромен потенцијал. Како конкретен пример на линија на тоа што вие го зборувате е одлуката од пред неколку месеци за отварање на нова амбасада во Саудиска Араби. Земја со која имаме сериозен потенцијал, би рекол по ова прашање. И очекуваме во 2026 година да биде отворено тоа ново дипломатско-конзуларно претставништво, истакна Муцунски.

Потсети и на неодамнешната посета на премиерот Христијан Мицкоски и владина делегација на Обединетите арапски емирати и додаде дека очекува во наредниот период конкретни придвижувања и со оваа земја.

– Не би можел сега во моментот, заради доверливоста помеѓу двете страни, по однос на тоа што го дискутираме да кажам што значи тоа конкретно, но ќе има бенефити од таа посета кој што граѓаните наскоро ќе ги чувствуваат, подвлече Муцунски.

Како негов приоритет во текот на 2026 година е да посети дел од пазарите во Африка и Азија заедно со претставници од стопанските комори во државата.