Реклама
Македонија

Муцунски: Палењето на објект на еврејската заедница заслужува најсилна осуда, истрагата е во тек, сторителите ќе излезат пред лицето на правдата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска остро го осуди палењето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска остро го осуди палењето на објект поврзан со еврејската заедница и синагогата во Скопје, кое се случи за време на велигденските празници. „Овој чин е целосно неприфатлив и заслужува најсилна осуда. Во нашето општество нема место за вакви дела“, порача Муцунски.

Тој информираше дека надлежните институции веќе започнале истрага за случајот и нагласи дека сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Воедно, министерот потенцираше дека Македонија останува посветена на вредностите на толеранција, соживот и мултиетничка хармонија.

Реклама

Еврејската заедница вчера реагираше дека последниве години се засилуваат појавите на говор на омраза, нетолеранција и опасно поистоветување на Евреите со сложените геополитички случувања на Блискиот Исток. Таквите тенденции не се само погрешни, туку и длабоко неправедни и тие го отвораат патот за оживување на антисемитизмот – појава која човештвото одамна требаше да ја остави зад себе, велат од еврејската заедница.

И израелската амбасадорка претходно го осуди инцидентот како длабоко вознемирувачки антисемитски инцидент во Македонија, прв од 1945 година. Вивиен Ајсен ги повикува македонските власти да ги изведат одговорните пред лицето на правдата.