Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Муцунски оствари средби со амбасадорката на Грција и амбасадорот на Австрија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари одвоени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари одвоени средби со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.

На средбата со амбасадорката Филипиду беше потврден заедничкиот интерес за унапредување на добрососедските односи, со цел зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот преку неговото целосно интегрирање во Европската Унија.

Во таа насока, беа реафирмирани заложбите за продлабочување на билатералната соработка, особено во областите на инфраструктурното поврзување, енергетиката, одбраната, културата и туризмот.

Реклама

Во разговорот со амбасадорот Памер беше изразено заедничко задоволство од досегашната динамика во билатералните односи, како и од континуираниот политички дијалог меѓу двете земји. Министерот Муцунски се заблагодари за досегашната австриска поддршка во процесот на исполнување на европските приоритети и македонските евроинтеграции.

Фокусот на разговорите беша ставен и на економските и трговските односи, при што беше потенцирана потребата од нивно натамошно унапредување, со акцент на зголемување на инвестициите и продлабочување на деловната соработка меѓу бизнис-заедниците на двете земји.