Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Муцунски од Хелсингборг: Во фокусот на разговорите инвестициите во одбраната, Украина и Западен Балкан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска учествува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО, што се одржува во Хелсингборг, Кралството Шведска.

Пред почетокот на состанокот министерот Муцунски истакнал дека средбата претставува важна можност, речиси една година по самитот во Хаг, „да се види она што е постигнато од Хаг, но и во пресрет на претстојниот многу важен самит во Анкара“, соопшти МНРиНТ.

Тој нагласил дека во фокусот на разговорите ќе бидат инвестициите во одбраната, развојот на одбранбените индустрии и континуираната поддршка за Украина посочувајќи дека „ќе дискутираме за многу посветената поддршка што ја обезбедивме како сојуз за Украина и какви се нашите планови понатаму“.

Реклама

– Министерот Муцунски додаде дека состојбите на Блискиот Исток, но и Западен Балкан, неизбежно ќе бидат дел од дискусиите, при што посочи дека Западен Балкан останува „област во Европа во која постои сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори и каде што сè уште постојат безбедносни ризици“, стои во соопштението на Министерството.

Воедно, како што додаваат од таму, тој нагласил дека „НАТО е сојуз кој станува сè посилен благодарение на нашата посветеност на 5 отсто трошење за одбрана“ оценувајќи дека состанокот ќе биде можност да се разговара и за предизвиците, но и за можностите пред алијансата.