Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Муцунски од Дубаи: Економијата и дигитализацијата фокус на посетата, ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за соработка

Економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, со јасна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, со јасна цел – придобивките од овие активности директно да ги почувствуваат граѓаните, порача од Дубаи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит за влади.

Во видеопораката споделена преку неговиот фејсбук-профил Муцунски информира дека ќе оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула, на која ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за соработка во областа на модернизација на Владата и државната администрација.

Муцунски најавува и повеќе билатерални средби со шефови на држави и други високи претставници.

Реклама

– Од денеска до четврток заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествуваме на Светскиот самит за влади во Дубаи, една од клучните глобални платформи посветени на иднината на владеењето, економијата и меѓународната соработка. Во рамките на посетата ќе остварам средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ,шеикот Абдула, на која ќе потпишеме меѓувладин меморандум за разбирање и соработка во областа на модернизација на Владата и државната администрација.

На маргините на Самитот ќе оствариме и повеќе билатерални средби со шефови на држави и други високи претставници насочени кон продлабочување на политичката и економската соработка и унапредување на меѓународната позиција на државата. Економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, со јасна цел – придобивките од овие активности директно да ги почувствуваат граѓаните – истакнува министерот во видеопораката.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк: