Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Муцунски од Дејтон: Брзите евроинтегративни процеси суштински за реформскиот напредок, стабилноста и отпорноста на земјите од регионот

Брзата реализација на европските и евроатлантските интегративни процеси е суштинска за реформскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брзата реализација на европските и евроатлантските интегративни процеси е суштинска за реформскиот напредок, стабилноста и отпорноста на земјите од регионот, како и за спречување на влијанија кои не се во интерес на демократијата, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на одбележувањето на 30 годишнината на Дејтонскиот договор во рамки на пролетната сесија на Парламентарното Собрание на НАТО, во Дејтон, Охајо.

На покана на конгресменот и шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер, како што соопшти МНР, Муцунски учествуваше на одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор, што се одржа во рамките на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон, Охајо.

Осврнувајќи се на значењето на Дејтонскиот договор како документ кој стави крај на еден од најтешките конфликти на Балканот, Муцунски, кој се обратил на сесијата посветена на унапредувањето на стабилноста на Западен Балкан, како и на завршната Пленарна седница, повикал 30-годишнината да се искористи како можност за фокус кон иднината – кон стабилност, економски напредок, социјална благосостојба и европска перспектива, еднакво важни за сите граѓани во регионот.

Реклама

Во текот на двете сесии биле разменети мислења за напредокот на земјите од регионот и за актуелните безбедносни предизвици. Учесниците заклучиле дека, во услови на зголемени ризици, неопходен е засилен ангажман на меѓународната заедница за зачувување на стабилноста и просперитетот.

-По повод 30-годишнината од Дејтонскиот договор, посебен акцент беше ставен на неговото значење за воспоставувањето на мирот во Босна и Херцеговина, како и на предизвиците со кои земјата се соочува три децении подоцна. Во своето излагање, министерот Муцунски ја потврди посветеноста на нашата држава за зачувување на траен мир и стабилност во регионот. Тој нагласи дека актуелните безбедносни закани бараат зајакнат пристап, ангажман и тешка, но неопходна соработка меѓу земјите од регионот и меѓународните партнери, соопшти МНР.

Министерот истакнал и дека во услови на зголемени безбедносни закани, регионот мора да се насочи кон засилена координација и реализација на долгорочните цели за негово успешно вклучување во европските и евроатлантските структури.

Говорејќи за претстојниот Самит на НАТО во Хаг, Муцунски подвлекол дека одвраќањето не се постигнува со декларации, туку со инвестиции, решителност и кредибилни капацитети. Единството, нагласил тој, мора да биде функционално, не само декларативно.

Во рамки на активностите на Парламентарното собрание на НАТО, министерот Муцунски, заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателите на Албанија, Косово и Црна Гора, премиерот и министерот за надворешни работи на Хрватска, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина и други лидери од регионот, присуствувал на свечениот прием на локацијата каде што беше потпишан Дејтонскиот договор – во воздухопловната база „Врајт-Патерсон“. На настанот била нагласена потребата од зајакната регионална соработка, стабилност и безбедност.