Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Муцунски на средба со извршната потпретседателка на ЕK Минзату: Посветени сме на зајакнување на квалитетот и усогласеноста на образовниот систем со европските стандарди

Унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики, како и за можностите за натамошно продлабочување на партнерството во рамки на европските образовни и мобилни програми биле теми на разговор на денешната средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату. 

На попладневната средба во Брисел на Муцунски со Минзату присустувала и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.

Попладнево во Брисел, заедно со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, остваривме средба со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату. Разговаравме за унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики, како и за можностите за натамошно продлабочување на партнерството во рамки на европските образовни и мобилни програми, објави Муцунски на Фејсбук.

Реклама

Министерот додаде дека на средбата ја нагласиле заложбата на државата за зајакнување на квалитетот и усогласеноста на образовниот систем со европските стандарди, како и за зголемено учество во програмите „Еразмус+“ и Европската образовна област.