Реклама

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Македонија

Муцунски на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Братислава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Јурај Бланар, денеска во Братислава учествуваше на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а е формирана со цел забрзување на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

На состанокот беа разменети мислења за актуелните предизвици на политиката на проширување во актуелниот геополитички контекст, стратешката соработка со регионот, економскиот развој и безбедноста. Во дискусиите преовладуваше силна поддршка за нова засилена динамика на пристапниот процес, како и за потребата од храбри и стратешки одлуки во насока на проширувањето на Европската Унија, соопшти МНРиНТ.

Реклама

Министерот Муцунски во обраќањето на состанокот ја истакна важноста од забрзување на процесот на проширување, со посебен фокус на отстранување на пречките за непречена трговија со Европската Унија во контекст на европските регулативи кои го забавуваат пристапот до внатрешниот пазар на Унијата.

Притоа посочи дека концептот на постепена интеграција треба дополнително да се надгради со нови иницијативи, кои ќе овозможат поактивно учество на земјите од регионот во креирањето на политиките на Европската Унија и ќе донесат директни придобивки за граѓаните.

Муцунски посебен акцент стави на евроинтеграцијата на државата, планот за раст и посветеноста на реформите како предуслов за користење на новите средства од Унијата.

Тој говореше и за значењето на инфраструктурните проекти нагласувајќи дека Република Северна Македонија претставува точка на пресек на паневропските коридори VIII и X, кои имаат значајна економска, безбедносна и геостратешка важност за регионот и Европа.