Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Муцунски и Трипуновски на средби за земјоделски реформи и рурален развој во Брисел

Соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД III програмата, како и за зајакнувањето на институционалните и административните капацитети на државата беа во фокусот на средби на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер, и со пратеници во Европскиот парламент.

Како што соопштуваат од МНРиНТ, на средбите станало збор за клучните надворешнополитички приоритети, реформските процеси и актуелните регионални прашања.

-Беа разменети мислења за европската перспектива и динамиката на пристапниот процес на државата и регионот, при што беше нагласено значењето од обезбедување доследна и кредибилна поддршка за политиката на проширување во услови на актуелните геополитички предизвици-стои во соопштението од МНРиНТ.

Реклама

Посебен акцент, како што дополнуваат, бил ставен на перспективите за проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, поддршката од Европскиот парламент за забрзување на пристапниот процес, како и на неговата улога во целокупниот процес на европска интеграција.

Министерот Муцунски остварил и средби со пратеници во Европскиот парламент – Карло Реслер, Дан Барна, Тијс Ројтен, Матеј Тонин и Ирена Јовева.

-На средбата со европратеничката Јовева, стана збор за евроинтеграцискиот процес на државата, при што министерот изрази искрена благодарност за принципиелната поддршка на овој пат-дополуваат од министерството.