Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Муцунски: До крајот на неделава очекуваме да бидат евакуирани сите македонски државјани што побарале извлекување од Блискиот Исток

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска информира дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска информира дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела.

На прес-конференција во Владата, Муцунски истакна дека од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва.

– Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза на Блискиот Исток, Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија воспоставија постојан кризен механизам. Преку формирање на кризен штаб и дипломатско-конзуларните представништва, бевме во 24-часовна комуникација со македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја, со јасна цел – нивна безбедна, навремена и организирана евакуација – рече Муцунски.

Реклама

Тој додаде дека во изминатите 12 месеци ова е трета комплексна операција од ваков обем.

– Во последните 12 месеци, ова е трета сложена операција од ваков обем, по трагедијата со пожарот во Кочани и првата ескалација на конфликтот Израел-Иран. Тоа уште еднаш ја потврдува подготвеноста и институционалниот капацитет на државата да реагира брзо, координирано и одговорно во кризни ситуации – нагласи министерот.

Муцунски информира дека од Израел веќе се евакуирани сите лица кои изразиле подготвеност да ја напуштат државата по копнен пат.

– Шест лица беа евакуирани со владиниот авион преку Шарм ел Шеик, додека за други шест лица, дипломатско-конзуларните представништва во Тел Авив и Каиро асистираа во организацијата на нивното враќање со комерцијални летови. Останува уште едно лице, чија евакуација ќе биде реализирана веднаш штом му се создадат безбедни услови – рече Муцунски.

Од Обединетите Арапски Емирати, како што соопшти, вчера бил реализиран лет со 151 патник, меѓу кои и странски државјани од повеќе земји. – Во моментов во оваа земја се евидентирани уште околу 430 македонски државјани, а во текот на оваа недела од Дубај се планирани уште два лета – рече Муцунски, нагласувајќи дека 14 пријавени лица не се појавиле на аеродромот, по што биле контактирани други граѓани за да се искористи целосно капацитетот на летот.

Во Доха, додаде, се евидентирани 162 лица, од кои 89 изразиле подготвеност за евакуација, додека во Кувајт се пријавени 36 лица, во Бахреин 15 и во Саудиска Арабија пет лица.

– За нив е предвиден организиран транспорт до Ријад како централна точка за собирање, пошто во текот на оваа недела ќе следува директен лет. Целиот процес се реализира согласно веќе разработен оперативен план во тесна координација со сите надлежни институции – рече Муцунски.

Во врска со евакуацијата на македонскиот фудбалер Мартин Ашковски од Иран, министерот информира дека процесот бил особено комплексен во делот на преминувањето на границата со Турција.

– И најкомплексниот аспект на извлекувањето на господинот Ашковски беше моментот на премин на границата од иранска страна кон турска страна. По моите информации, таа постапка траела неколку часа, но нашата Амбасада во Анкара успешно ја завршила задачата и тој безбедно преминал на територијата на Република Турција – истакна Муцунски.

Министерот упати апел до граѓаните што бараат евакуација навремено да комуницираат со дипломатско-конзуларните претставништва и информира дека евакуацијата се реализира без финансиски надомест за македонските државјани.

– Нашата цел е сите авиони да бидат максимално исполнети во својот капацитет. Вчера на аеродромот во Дубаи, 14 лица кои што барале до последен момент евакуација, одлучиле да не се појават. Затоа апелирам до нашите граѓани: сите кои што бараат евакуација, а кои до сега не нè контактирале, во најбрз можен рок да ги контактираат нашите дипломатско-конзуларни претставништва – апелира Муцунски. 

Воедно, тој изрази жалење поради, како што рече, ширење непроверени информации во дел од медиумите за процесот на евакуација и безбедносните аспекти на кризата.

– Во вакви околности точната и одговорната информација е клучна. Ширењето на лажни вести создава непотребна паника, ја поткопува довербата во институциите кои ден и ноќ работат за безбедноста на граѓаните, а може да го наруши и меѓународниот углед на државата – оцени Муцунски.