Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Прилози

Муцунски: Безбедноста на Македонските граѓани е апсолутен приоритет – Евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

До крајот на неделава се очекува сите македонски граѓани кои се наоѓаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на неделава се очекува сите македонски граѓани кои се наоѓаат во земјите на Блискиот исток, да бидат евакуирани. За Владата и МНР нивната безбедност останува да биде апсолутен приоритет. Во наредните денови се очекува да пристигнат уште два авиона со македонски државјани од Дубаи, а министерот Муцунски појасни дека први на листа се мајки со деца, туристи и странски државјни во специфични околности.

„Прво жените и малите деца, имаат приоритет. Приоритет имаат и тие кои што од причини за туризам биле заминати таму, немаат постојан престој. А од неколку држави имавме замолница билатерлано да излезме во пресрет заради одредени специфичности со тие граѓани кои се наоѓале во такви специфични категории“, изјави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Во Доха досега се регистрирани 162 лица, од кои 89 изразиле подготвеност за евакуација. Во Кувајт се пријавени 36 лица, во Бахреин 15, а во Саудиска Арабија уште петмина. Четрнаесет лица кои претходно се пријавиле за евакуација не се пријавиле на аеродромот во Дубаи, а за да се пополнат празните места, биле повикани други граѓани кои биле на листата на чекање.

Реклама

„Вчера на аеродромот во Дубаи четиринаесет лица кои што барале до последен момент евакуација одлучиле да не се појават. Среќа имавме подготвено план за таква ситуација, имавме таканараечана листа на чекање и нашата амбасадат во АБУ ДАБИ, веднаш контактираше со група граѓани кои беа подготвени да дојдат“, изјави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Досега од Израел се евакуирани шестмина со владиниот авион и уште толку со комерцијални летови. Целиот транспорт е бесплатен, односно го покрива државата. Муцунски изрази жалење што во целата операција, дел од медиумите пласирале непроверени информации и дезинформации во чувствителен момент за граѓаните. Предупреди дека со ширењето на лажни вести се создава непотребна паника и се поткопува довербата во институциите, а истовмремено се урива и меѓународниот углед  на државата.