Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Муцунски ќе се сретне со министерката за европски и меѓународни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер и со министерката за Европа, Клаудија Бауер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе оствари поединечни средби со министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, како и со министерката за Европа, Клаудија Бауер.

Овие средби, како што информираат од МРиНТ, Муцунски ќе ги оствари како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, која престојува во работна посета на Виена.

На средбите, како што најавуваат од Министерството, се очекува да се направи осврт на евроинтеграцискиот пат на државата, постигнатиот напредок, како и да се разгледаат можностите за натамошно продлабочување на билатералните односи и македонско-австриската соработка.

Реклама

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува и на бизнис форум со претставници на стопанските здруженија на двете држави, на кој се очекува да се реафирмира одличната економска соработка и ќе се презентираат можности за нови инвестиции и продлабочување на соработката меѓу македонските и австриските компании.