Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Муцунски-Варнс: Потврдени одличните билатерални односи, за што сведочат политичкиот дијалог и редовните средби на високо ниво

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.

-На средбата уште еднаш ги потврдивме одличните билатерални односи, за што сведочат политичкиот дијалог и редовните средби на високо ниво. Разговаравме за реформските процеси, како и за идните активности насочени кон натамошно унапредување на односите, со посебен фокус на политичката и економската соработка, информира Муцунски во објава на Фејсбук.

Тој истакна дека на средбата нагласиле дека во време на зголемени безбедносни предизвици и ризици, американско-македонското стратешко партнерство, безбедносната соработка и сојузништвото во НАТО се од особено значење за стабилноста и безбедноста.

Реклама

-Ја потврдивме заемната посветеност на натамошно продлабочување на билатералната соработка и унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна одржаната втора сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, додава Муцунски во објавата.