Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Муча: Со пешачење до прочистување на организмот по празниците

Физичката активност може да помогне во прочистување на организмот по празниците. Пешачењето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Физичката активност може да помогне во прочистување на организмот по празниците. Пешачењето е најдобар начин за обичните граѓани, изјави, специјалист Иса Муча од ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија во Скопје.

За прочистување на организмот по празниците кога вообичаено се консумира повеќе храна и алкохол, Муча препорачува полесна храна, потечна, без маснотии, варен зеленчук, без теста, без многу шеќери, со чаеви и течности, свежо овошје, суплементи како витамини – од група Б и Ц.

За да не се доведеме до ситуација да го преоптовариме организмот со алкохол и храна, докторот препорачува умереност во нивното внесување.

Реклама

– Со умереност во внес на храна, особено на алкохолни пијалаци – никако да не се пие на празен желудник, советува докторот.

Непријатно чувство на преполнетост, тежина во желудник, мачнина, гадење, појава на киселини, болки во горен дел од стомак, се само дел од последиците по преоптоварување на организмот со храна и алкохол.

Тој информираше дека праксата покажала дека за празниците, еден организам најмногу се преоптоварува со традиционалната „новогодишна мајонез салата“, печењето на масни меса, теста од тип на кифлички, пити, газирани пијалаци, а и алкохолни пијалаци – особено црвеното вино причинувало проблеми со желудникот.

– Традиционално имаме зголемен обем на работа и случаи како седум дена пред, така и на самата новогодишна ноќ, па сè до божиќните празници. Загрижува фактот што голем дел од алкохолизирани пациенти се малолетници на 15, 16, 17 години како и на само 14. Тоа е факт што треба да нè загрижува, дециден беше докторот.

Оваа новогодишна ноќ на Токсикологија биле згрижени вкупно 31 пациент.

– Најмладото лице беше на 14-годишна возраст, а највозрасното имаше 44 години. Примивме 13 малолетници. Доминираше женска популација. Повеќето случаи беа само труење со алкохол, а имаше и труење – мешано храна со алкохол, додаде Муча.