Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело –  ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство со кое претседаваше заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, одржа итна седница во проширен состав, со присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот за правда Ален Деребан, претставници на Јавното обвинителство, Основен суд, експерти во областа, граѓански организации и претставници од надлежните институции. Итноста произлегува по последниот трагичен настан во кој згаснаа два животи, а со цел преземање конкретни мерки и активности од страна на сите надлежни институции, во насока на спречување и подобрување на заштитата на жртвите и гонење на сторителите, се наведува во денешното соопштение на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

– Исто така, на седницата беа разгледани и заклучоците од одржаната тркалезна маса организирана од страна на Министерството за внатрешни работи, со учество на надлежни институции и граѓански организации и академската фела, кои работат во областа на семејното насилство. На овој настан беа дадени препораки и конкретни активности што треба да се преземат, а што имаат за цел зајакнување на системот за спречување и заштита на жртвите, но и гонење на сторителите. На седницата на НКТ, беа усвоени заклучоци за формирање на работна група што ќе подготви итни измени и дополнувања на повеќе закони, со цел унапредување на институционалната координација и зајакнување на системот за заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство, се истакнува во соопштението.

Еден од заклучоците од седницата е и формирање работна група со претставници од сите релевантни институции и граѓански организации – Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Министерството за правда, невладини организации, надлежни судови, Јавно обвинителство, претставници од академската фела и Собранието согласно Деловникот за работа на НКТ за подготовка на предлог измени и дополнувања на законите: Закон за полициски овластувања, Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Закон за социјалната заштита, Закон правда на децата, Закон за бесплатна правна помош, Закон за кривична, Закон за парнична постапка и Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

Реклама

– Предлог измените треба да бидат доставени до Националното координативно тело во најкраток можен рок. На седницата се донесе и заклучок, да се дадат конкретни мерки и активности за подобрување на системот за заштита на жените жртви на насилство кој ќе бидат дел од Стратегијата и Акцискиот план за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, нагласија од Министерството за социјална политика, демографија и млади.