Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Можни злоупотреби од работодавачите: Ако ви кажат останете дома без писмено објаснување, не останувајте дома

Останете дома ќе ве викнеме кога да дојдете назад на работа, ако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Останете дома ќе ве викнеме кога да дојдете назад на работа, ако добиете ваква насока од работодавецот а при тоа нема да добиете писемно објаснување со официјален печат и потпис за истото, не останувајте дома, алармира претседателот на Гласен текстилец Кристина Ампева за ваквите се позачестени злоупотреби од страна на работодавците.

-Не останувајте дома доколку немате некаков писмен документ кај себе по кој основ сте оставени дома. Бидејќи сега ни се случува во иточниот регион да им кажат: Бидете дома ние ќе  ви се јавиме, И не’ прашуваат: Не’ оставија дома. Им велам, имате ли некаков документ? Враќајте се одма на работа бидејќи ќе чекаат три дена да не се појават на работно место и ќе има кршење на работни односи за ред и дисциплина, алармира Ампева. 

Според неа, на овој начин работодавцитие ги изигруваат работниците, користејќи го нивното незнаење.

Реклама

-Па така кога работникот ќе остане три дена дома автоматски добива отказ поради наводно кршење на ред и дисциплина, која што верувајте дека се користи кога работодавецот сака да го намали бројот на вработени а доколку тие се на договори на неопределно работно време да не им исплаќа опремнина, испратнина и она што им следува согласно отказ од деловни причини кои што во перидов ги има. Посебно во текстилната индустрија имаме намален обем на работа, појаснува таа.

Текстилната индустрија во моментов се соочува со големи предизвици. Поради економската криза, луѓето одбираат да купат за јадање а не да трошат пари на облека. Дополнителен проблем е тоа што странските трговски партнери ја напушаат Македонија и се селат во Мароко и Егупет и веќе четири штипски текстилни компании се соочуваат со намалено произвдство. А наместо помош за домашните работници, Владата одлучи да ги зголеми квотите за увезување работници од странство.

Анастасија Илиевска