Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Мото дефиле во Скопје: Над 100 моторџии испратија порака за поддршка на децата и младите

Над 100 моторџии од повеќе градови низ државава денеска се собраа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 100 моторџии од повеќе градови низ државава денеска се собраа во Градски парк кај фонтаната, каде се одржа мото дефиле по повод Меѓународниот ден на семејството, во организација на Мото клубот „Вепар“ и СОС Детско село.

Моторџиите со ова дефиле ја потсетија јавноста дека семејството не е само место каде што растеме, туку чувство на сигурност, грижа и припадност.

– За нас ова дефиле не е само возење, туку начин да покажеме дека како заедница можеме да застанеме зад децата и младите на кои им е потребна поддршка. Секое дете заслужува да почувствува дека некој е тука за него- порачаа од Мото клуб „Вепар“.

Реклама
null

Учесниците со заедничко возење испратија порака за солидарност, заедништво и грижа кон децата и младите, особено кон оние без родителска грижа и од ранливи категории.

Според организаторите целта на настанот е подигнување на јавната свест за значењето на семејството и потребата од континуирана поддршка на децата и младите.

Од Мото клуб „Вепар“ пак потенцираат дека и во иднина ќе продолжат со вакви активности кои имаат хуманитарен карактер и придонесуваат кон зајакнување на заедницата.

Од СОС Детско село порачаа дека за децата и младите кои растат без родителска грижа, поддршката од заедницата значи многу повеќе од симболичен гест. Таа е порака дека не се сами, дека некој ги гледа, ги слуша и верува во нивната иднина.

-Семејството е првата сигурност на едно дете. Кога таа сигурност недостасува, наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која децата и младите ќе почувствуваат дека припаѓаат, дека се важни и дека имаат поддршка да растат и да се развиваат-нагласуваат од СОС Детско село

Во изминатите 25 години, СОС Детско село помогнало да се променат 6.090 животи на деца, млади и семејства кои добиле нова шанса за посигурна иднина.

null