Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Мора да се стави крај на партизацијата, непотизмот, неефикасноста и клиентелизмот во јавната администрација

Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија – ова е охрабрувачкатга пораката до административците од премиерот Христијан Мицкоски. Според него, време е за длабоки реформи во државните инстиутции што ќе ги надмине болестите кои со години ја разјадува јавната администрација. Тој вети во името на цела Влада, дека ќе се врати достоинството на јавниот службеник, но и ќе се воведат повисоки критериуми за отчетност. Меѓудругото бара резултати и посветеност од страна на јавните службеници.

„Ќе ја направиме јавната администрација место на шанса, не на пораз. Ќе го вратиме достоинството на јавниот службеник – но и ќе воведеме повисоки критериуми на отчетност. Ги градиме темелите на промените. Темели на знаење, работа и вредности. За твоето време кое доаѓа. Време кога ќе бидеш вреднуван по тоа што знаеш, а не кого познаваш. Време кога администрацијата ќе значи сервис – не ќорсокак. Време кога државата ќе работи за народот – не обратно“, посочи премиерот Мицкоски.

Од министерството за јавна администрација тврдат дека по укинувањето на балансерот, вработувањата во јавниот сектор ќе бидат врз база на компетентност и квалитет и професионалност.Министерот Горан Минчев е уверен дека новите законски решенија ќе бидат пресвртница во реформата во јавната администрација.

Реклама

„Ако зборуваме за модерна јавна администрација, тоа се првите предуслови кои мора да се согледаат и применат. По забелешките од Венецијанската комисија ќе биде пратен до Собранието.Овој закон го прават група на уставни експерти за да не се соочиме повторно со евентуално укинување на некои членови или одредби од постоечкиот закон. Моделот за правична застапеност ќе биде донесен со подзаконски акти, но по претходни евентуални забелешки од Венецијанската комисија“, вели Минчев.

Синдикатите се надежни и бараат повисоки плати за службениците – од УПОЗ предупредија дека во правосудството нема зголемување на примањата.

На одбележувањето на Меѓународниот ден на јавната администрација, и од Владат и експертите сите се согласни дека се потребни коренити реформи.