Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

МОН со нова Стратегија: Обезбедување еднаков пристап до квалитетно образование за сите!

Повеќе институции, образовни установи, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни партнери на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе институции, образовни установи, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни партнери на Министерството за образование и наука започнаа со изработка на нова Стратегија за образование која ќе има важност од 2026 до 2032 година. На првата работна средба, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска рече дека документот треба да обезбеди континуитет на тоа што било добро досега, да го модифицира тоа што не ги исполнило во целост очекувањата и да овозможи интегрирање на новите глобални образовни трендови и стандарди кај нас. 

– Стратегијата ќе се фокусира на обезбедување еднаков пристап до квалитетно образование за сите, на инклузивноста, грижа за добро ментално и физичко здравје на младите, усогласеност на образовните политики со пазарот на труд, дигитализација, дигитална и медиумска писменост и примена на нови технологии, рече Јаневска, потенцирајќи дека Македонија мора забрзано да спроведе покрупни промени, имајќи предвид дека и Европската комисија имаше забелешки за бавниот развој на образованието во изминатите неколку години.

Министерката изрази благодарност до сите партнери, кои како што рече, имаат својастручност и искуство во градење стратегии, креирање политики и нивна имплементација. Особено се заблагодари на четирите клучни поддржувачи – УНИЦЕФ, УНДП, Светска банка и ГИЗ, со кои потпиша официјално писмо за поддршка.

Реклама

– Само со издржан стратешки документ, базиран на точни анализи, податоци и факти, можеме да изградиме поквалитетен национален образовен систем. А јас, како ресорен министер уверувам дека Владата ќе биде на висина на задачата и ќе обезбеди доволно ресурси за сé што треба да ги поместиме работите напред, додаде Јаневска.