Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

МОН: Освен студентските домови, ќе се реконструираат и државните училишта со ресурсни центри, обезбедени 41,25 милиони евра

Министерството за образование и наука информира дека годинава, покрај тоа што ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука информира дека годинава, покрај тоа што ќе продолжи реконструкцијата на државните студентски домови, ќе започне и темелна обнова на државните училишта со ресурсни центри кои се столб на инклузивноста на националниот образовен систем. 

Како што соопшти денеска МОН, за таа намена, од Германската развојна банка KfW, а со поддршка од Европската унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, обезбедени се 40 милиони евра. Буџет со кој ќе се реализира втората фаза од процесот на темелна и енергетски ефикасна обнова на преостанатите седум државни студентски домови, со оглед дека домовите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ се во активна фаза на обнова, а паралелно ќе се реконструираат и објектите на седум државни училишта со ресурсни центри за ученици со посебни образовни потреби. 

Дополнително, за покривање на трошоците поврзани со подготовките за реконструкција на ресурсните центри како што се енергетски контроли, детални проекти и тендерирање за енергетски ефикасната реконструкција, преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан поддржана од Европската Унија, обезбеден е неповратен грант од 1,25 милиони евра.

Реклама

Договорите за користење на средствата ги потпишале министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и Пабло Алварез Обрадор – директор за енергетика за Југоисточна Европа и Турција во Германската развојна банка KfW, а во присуство на Штефан Худолин – раководител на секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Скопје и заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Јан-Аксел Фос. 

– Оваа крупна инвестициска активност е значаен исчекор во унапредувањето условите за живот и учење на младите во Македонија, подинување на инклузивноста, зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти и значително намалување на емисиите на CO₂, информира МОН.