Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

МОН и УЈП ќе ја унапредуваат финансиската едукација во основните и средните училишта

Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи потпишаа меморандум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи потпишаа меморандум за спроведување на проект чија цел е унапредување на финансиската едукација и даночната писменост кај младите.

Документотот го потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на УЈП, Елена Петрова, соопшти МОН. Ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта, затоа што, како што посочија потписниците, исклучително е важно да се создаваат генерации кои ќе го разбираат значењето на даноците, функционирањето на даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции.

Едукацијата ќе се реализира на интересен и интерактивен начин – преку игри, симулации и креативни работилници, а стекнатото знаење ќе се проверува со даночен квиз, односно натпревар меѓу учениците. Активностите во училиштата започнуваат во декември и ќе се реализираат до крајот на учебната година.

Реклама

Јаневска и Петрова очекуваат висока ефективност, а резултатите од проектот може да послужат како основа за надградување на наставните програми во иднина.