Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Молк и од Кривичен и од Обвинителство за случајот „Жан Митрев“: Зошто и кога била тргната забраната за продажба на удели?

Кога Кривичен ставил забрана за продавање удели во Клиниката Жан Митрев? Кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога Кривичен ставил забрана за продавање удели во Клиниката Жан Митрев? Кога ја тргнал забраната? Која била причината и по чиј предлог? Одговор на овие прашања нема. По Обвинителството, молк и од Кривичниот суд за тврдењата на доктор Митрев, дека поранешниот премиер Заев и екс министерот за здравство, сега лидер на СДСМ, Филипче, преку злоупотреба на политичка моќ сакале да ја купат неговата приватна болница. Поставивме конкретни прашања до Основниот суд Скопје 1, но одговор се уште нема.

На кој датум Кривичниот суд донел одлука да се стави забрана за продавање удели на Клиниката Жан Митрев?

На кој датум Кривичниот суд донел одлука да се тргне забраната за продавање удели на Клиниката Жан Митрев?

Реклама

Од која причина е тргната забраната за продавање удели и по чиј предлог?

Иако најавија одговори, молчи и Обвинителството – дали се истражуваат тврдењата и сомнежите за можен криминал изнесени од Жан Митрев. Прашања поставивме пред два дена, одговори беа најавени за вчера, но ги нема ниту денеска.

А за обвинувањата конкретно не одговара ниту Филипче. Тој повторно реши да удри по Алфа и други медиуми чија уредувачка политика не му се допаѓа. Сите сомнежи за можни прекршувања на законот и обвинувања за него и неговите сопартијци биле измислици и обиди за дефокус.

-Објавуваат лага на Жан Митрев на Алфа ТВ, нов фабрикуван случај Рекет, а под маса си делат тендери. Да знаете, секогаш кога ќе излезе некоја измислена, фабрикувана афера, тоа е дефокус, секогаш кога ќе прочитате текст од кујните на ВМРО, вие почитувани граѓани треба да знаете дека се случува уште една голема пљачка зад вашиот грб, изјави Филипче.

Доктор Жан Митрев во гостувањето во „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа кажа дека Заев и Филипче, во време на ковид пандемијата, барале начин како да дојдат до сопствеништвото во неговата приватна болница. Изнесе дека тоа се случувало во екот на судската хајка против, како обвинет за наводни измами на пациенти при лекување заболени од корона.

Матеја Петровски