Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Мобилните царински тимови во 2025 година со 271 случај на заплени

Мобилните царински тимови во текот на 2025 година оствариле 271 случај на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мобилните царински тимови во текот на 2025 година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи 195,5 килограми дрога, во 14 случаи 230 илјади евра, а запленети се и над 39 илјади парчиња лекови.

Царинската управа соопшти дека е постигнат значителен напредок и во заштитата на правата од интелектуална сопственост, при што во 39 случаи запленети се над 112 илјади парчиња производи со потпис на познати трговски марки.

Извршени се над осум илјади прегледи на возила, при што спречени се 28 кривични дела, како и прекршочни дела, во кои утврдените избегнати давачки изнесуваат осум милиони денари.

Реклама

Постапувано е и по 30 барања за асистенција, при што во последен случај со помош на царинско куче од единицата К9 пронајдени се 10 килограми кокаин.

Мобилните царински тимови учествуваа и во три поголеми меѓународни акции – Shield VI, Stop IV и ARMSTRONG XI. Станува збор за меѓународни акции, чија цел е спречување нелегална трговија со фалсификувани лекови и анаболици и заштита на правата на интелектуална сопственост преку спречување нелегална трговија со фалсификувани стоки, како и спречување на обиди за тероризам – се вели во соопштението од Цариснката управа.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: