Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

МНР во комуникација со семејството на момчето кое загина во Ханиоти, во тек процедури за транспорт на телото

Министерството за надворешни работи информира дека до македонскиот Конзулат во Солун е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за надворешни работи информира дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин.

-Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Македонија, соопштуваат од МНР.

Во бессознание бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, 19-годишен македонски државјанин, по што веднаш бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт.

Реклама

Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека вчера попладне управата во Неа Мудања била известена дека „19-годишен странец (државјанин на Македонија) е извлечен без свест од морскиот дел на плажата Ханиоти во општина Касандра“.

Момчето со возило на брзата помош било пренесено во Здравствениот центар во Касандра, каде што била констатирана смрт. Крајбрежната управа на Неа Мудања спроведува прелиминарна истрага за смртта на 19-годишниот, а телото ќе биде пренесено во Служба за судска медицина во Солун за да се изврши обдукција.

Волонтерот спасувач Јоанис Колокитас кој само неколку минути по несреќата пристигнал на плажата, преку социјалните мрежи изрази жалење за смртта на момчето и посочи дека 19-годишниот доживеал срцев удар по давење во морето.

Објасни дека спасувачката која била на плажата со помош на други капачи го извлекле момчето од морето и веднаш започнала со пропишаниот процес на реанимација со истовремена употреба на автоматски дефибрилатор.

– Во 16:45 ми се јавија и пристигнав на местото за две минути, приклучувајќи се кон напорите заедно со спасувачката за да го вратиме детето во живот. Итна реакција на екипата на брзата помош со здравствените работници Андонис и Катерина, продолжувајќи ги напорите заедно, но за жал без посакуваниот резултат. Транспорт на детето до здравствениот центар и придружба од моја страна во кабината на возилото на брзата помош, правејќи кардиопулмонална реанимација со Катерина од местото на преземање до здравствениот центар Касандра, а Андонис вози што е можно побрзо и внимателно, но за жал лекарите ја констатираа смртта на детето, напиша волонтерот спасувач Колокитас.