Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

МНР СО АПЕЛ: Сите македонски државјани кои се наоѓаат во Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.

Воедно, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од било какви патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба, потенцираа од министерството.

-Согласно добиените информации од Амбасадата на Македонија во Тел Авив, во моментов воздушниот простор над Израел и Иран е затворен, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај, нагласува МНРиНТ во соопшението.

Реклама

Ги потсетуваме нашите државјани дека при евентуална потреба од помош можаат да се обратат на следните контакти:

📍 Амбасада на Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546

Е-пошта: [email protected]

📍 Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736

Е-пошта: [email protected]

Информираме дека во рамките на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и ќе ја информира јавноста за сите новини навремено.